Трабзон се сопна, ЛШ ќе се игра без турски клуб првпат по 26 години

Историско потфрлување за Трабзонспор и турскиот фудбал по вчерашната елиминација од Копенхаген во плејофот од Лигата на шампионите.

Првпат по 26 години пауза, или од сезоната 1995/96, во најелитното клупско натпреварување Турција нема да има свој претставник.

Вчерашните 0-0 во Трабзон значеа дека Копенхаген е тимот кој резервира место во европската елита, а Барди и дружината се тешат со пласман во групите од Лигата на Европа.

- Оглас -

Најнови вести