Трабзон треба да разбие шестгодишен малер

1954 Трабзонспор – Башакшехир (17.00 часот)

Ова е можеби и најинтересниот фудбалски натпревар во светот кој се игра денеска. Трабзонспор е на добар пат да ја преземе титулата во Турција од Бешикташ, а Башакшехир беше првак пред две сезони. Во моментов, Трабзон е убедливо прв, со 9 бода пред Коњаспор, додека Башакшехир е трети и има 13 бода помалку од тимот на кој му гостува вечерва. Трабзонспор сезонава е одличен на свој терен, последните три победи му се без примен гол, но традицијата е против нив. Последната победа на Трабзон над Башакшехир дома е во 2015 година.

Предлог тип: 1Х & 1-3 (2.21)

 

1964 Менеменспор – Бурсаспор (17.00 часот)

Ова е дуел од втората турска лига, и тоа пресметка на два тима од долниот дел на табелата. Бурсаспор е во криза, има само еден бод во последните три кола, и моментно е дури 17-та на табелата. Менеменспор е само две места погоре со два бода плус од Бурса. Во минатата сезона, Менеменспор двапати славеше минимално во мечевите против Бурсаспор. Бурса двапати има гостувано на овој стадион и двапати губеше со по 1-2.

Предлог тип: 1Х & 2-4 (2.16)

 

1936 Бнеи Сахнин – Макаби Хаифа (18.50 часот)

Ако се погледне табелата во израелското првенство, ова е големо дерби, бидејќи играат третиот и вториот. Но, Макаби има дури 10 бода повеќе и се бори со Хапоел Бер Шева за титулата. Макаби е во низа од пет победи по ред, а Сахнин во последните три кола имаше по една победа, пораз и реми. Екипата од Хаифа има дадено дури 15 гола повеќе од Бнеи Сахнин. Можеби нема да биде убедлив триумфот, но гостите би требало да ја оправдаат фаворитската улога.

Предлог тип: 2 (1.63)

 

5720 Замалек – Газл Ел Махала (19.00 часот)

Големиот Замалек во првите седум кола од египетската лига има 16 бода и како и секогаш, ќе биде во кругот на кандидати за титулата, а Газл е тим кој се специјализираше за нерешени резултати. Од седум кола, Газл има дури четири ремија. Двата тима имаат примено по 7 гола, што е просек од еден по натпревар, и ова најавува неефикасен меч. Во август во финишот на минатата сезона кога Газл последен пат гостуваше во Каиро, резултатот беше 3-0 за Замалек.

Предлог тип: 1 & 0-3 (1.92)

 

5774 Магреб Фес – Итихад Танжер (20.30 часот)

Магреб од 13 кола, има дури шест нерешени игри, а спротивно од нив, Танжер има само две ремија на 13 меча сезонава. Итихад Танжер е подобра во форма, има три победи по ред, и нивните мечеви се далеку поефикасни од тие на Магреб кој во 13 кола има гол-разлика 12-8. Последните четири мечеви во мароканската лига има беа со 0-1 гол, а Танжер играше со 3+ голови на четири од последните пет средби. Магреб дома нема пораз уште од јули, а на свој терен 17 години не знаат за пораз од Итихад.

Предлог тип: 1 (2.65)

- Оглас -

Најнови вести