Трабзонспор и Баерн се најсигурни „кецови“ денеска

1951 Трабзонспор – Јени Малатијаспор (18.00 часот)

Лидерот на турската Суперлига го пречекува последнопласираниот тим, па тука единицата е задолжителна. Трабзон има комотна предност од седум бода во однос на Коњаспор кој е втор по првата половина од првенството. Малатијаспор е најнеефикасен тим во лигата, а Трабзонспор има најцврста одбрана. Трабзон е и најефикасен тим, а Малатија има најмногу примени голови. Трабзонспор од последните десет меча, само еднаш даде повеќе од два гола, а уште од октомври не примиле гол на домашен терен. Малатија секогаш давала гол во Трабзон, но секогаш губела.

Предлог тип: 1 & 2-4 (1.91)

 

1536 Санта Клара – Спортинг Лисабон (19.30 часот)

Санта Клара се бори за опстанок, но како трета најнеефикасна екипа во португалското првенство, ќе има проблем против тимот со најмалку примени погодоци. Спортинг е втор, но има ист број бодови со првиот Порто, секој кикс во трката за титулата може да биде пресуден на крај. Лавовите од Лисабон од септември наваму, редат само победи во дуелите од домашната лига. Спортинг има и одлична традиција на гостувањата кај Санта Клара, во последните 20 години само победува на тој стадион.

Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (2.01)

 

1801 Баерн Минхен – Борусија Менхенгладбах (20.30 часот)

Баерн има предност од девет бода пред втората Борусија Дортмунд, но Баварците нема да се опуштат и тоа не е добра вест за гостите кои неочекувано се борат за опстанок. Во последните пет кола, Баерн извојува пет победи, а Борусија освои само еден бод. Проблем за Баерн е што заразени со коронавирус се Нојер, Сане, Упамекано, Лукас Ернандес, а Горецка, Коман и Толисо се повредени. Мечот ќе се игра без публика. Во октомври во Купот, Баерн беше прегазен од Борусија со 0-5, па сега е време за одмазда.

Предлог тип: 1 & 3+ (1.65)

 

1701 Бордо – Марсеј (21.00 часот)

Бордо е само еден бод над опасната зона, а тоа е и тим со најмногу примени голови во француската Лига 1. Марсеј е на 13 бода зад лидерот ПСЖ, и ако поентира вечерва, ќе избие на второ место. Марсеј ја има најдобрата одбрана во лигата, но има дадено помалку голови од Бордо, иако му бега дури 16 бода. Бордо е драстично ослабен, ќе му фалат дури 11 играчи поради коронавирус или настап за африканските репрезентации. Марсеј никогаш не победил во Бордо, сега му е шанса да испише историја.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.75)

 

1091 Свиндон – Манчестер сити (21.000 часот)

Ова е дуел од 32-финалето во ФА купот. Сити е во победничка серија во Премиерлигата, па четвртолигашот нема што да бара. Последните два меѓусебни дуели на овие екипи завршуваа со по 2-0 за Граѓаните од Манчестер, но тоа беа други времиња, пред 20-тина години, кога разликата во квалитет не беше толку голема како денеска, и тимовите играа во иста лига. За Свиндон приоритет е битката за врвот во Лига 2, дуелот со Сити е награда за нив и за публиката.

Предлог тип: 2 & 2-5 (1.51)

 

- Оглас -

Најнови вести