Трабзонспор ќе го предизвика Галатасарај во финалето на турскиот куп

Екипата на Трабзонспор е вториот финалист во фудбалскиот Куп на Турција и во финалето ќе се соочи со најдобриот турски тим, Галатасарај.

Трабзонспор вечерва во полуфиналето го совлада Гезтепе со 2-0, со голови на Озан Туфан и Олександр Зубков.

За тимот од Трабзон, ова ќе биде второ финале по ред, лани во мечот за трофејот во Купот загубија од Бешикташ со 2-3, а тогаш за Трабзонспор играше и Енис Барди. Трабзонспор во 2020 последен пат го освои Купот на својата земја, а Галатасарај на овој трофеј чека една година подолго, од 2019-та.

- Оглас -

Најнови вести