Трабзонспор се засилува со двајца познати фудбалери од Серија А

Дефанзивецот Бруно Перес од Рома и напаѓачот Жервињо од Парма, како слободни играчи за 8 до 10 дена (во зависност од тоа кога ќе може да отпатуваат во Турција) ќе потпишат договор со турски Трабзонспор. Ова го објави претседателот на клубот од Трабзон, Ахмет Агаоглу.

Бразилецот Перес кој има 31 година, ќе потпише договор до 2024 година и ќе има годишна плата од 1,8 милиони евра по сезона, додека Жервињо кој е од Брегот на Слоновата коска и за десетина дена ќе наполни 34 години, со турскиот тим ќе има договор до летото 2023 и ќе заработува 2 милиони евра годишно.

Оваа сезона турската лига беше најинтересна во Европа, шампион стана Бешикташ благодарение на подобрата гол-разлика од Галатасарај, и тоа за само еден гол. До последното коло шанса за титула има и Фенербахче, кој заедно со Трабзонспор одат во Конференциската лига.

- Оглас -

Најнови вести