Традицијата и статистиката велат: Лејкерс ќе победат во меч со „плус поени“

Лос Анџелес лејкерс и Мајами хит минатата сезона воопшто не беа дел од плејофот во НБА, а сега ќе играат во големото финале. Лејкерс ќе се обиде да стигне до рекордниот 17-ти трофеј, додека Жешките го бараат четвртиот шампионски прстен во последните 15 години. 

Статистиката вели дека во овој плејоф, двата финалисти загубија само трипати, а вкупно на 12 меча се радуваа за да дојдат до големото финале. Двете екипи се офанзивно настроени. Лејкерс во просек дава 115 поени, а просекот на Мајами во овој плејоф е 114 поени на натпревар. Границата за дадени поени во првиот меч за Лејкер е 110,5, а на Мајами е 106,5, што значи дека тоа е под нивниот просек.

Освен понудата за постигнати поени на цела екипа, во Sport Life може да се обложите и колку поени, колку асистенции или колку скока ќе имаат поединечно играчите. Привлечна е и играта за тоа колку тројки на мечот ќе даде еден играч. За Леброн Џејмс границата на првиот меч е 2,5 тројки.

Ако се погледнат резултатите од последните пет меѓусебни дуели, Лејкерс е фаворит со четири победи. Сепак, финале во НБА е нешто сосема поинаку и сигурно Мајами нема лесно да се предаде.

 

 

- Оглас -

Најнови вести