Традицијата вели дека бодовите остануваат во Кратово, Силекс само еднаш загубил од Скопје како домаќин

Денеска (14 часот ) со натпреварот меѓу Силекс и Скопје започнува третиот круг од Првата фудбалска лига. Кратовци се големи фаворити против Скопје, а освен позициите на табелата и формата, Силекс на своја страна ја има и традицијата.

Силекс се наоѓа на четвртото место на табелата со 32 бода, три помалку од третопласираната Шкендија која утре ќе игра против Академија Пандев.

Скопје пак е десетти со 14 освоени бодови и го крајот на сезоната го очекува борба за опстанок во Првата фудбалска лига ,бидејќи има само еден бод повеќе од Победа која е во зоната за испаѓање.

И квотите го фаворизираат Силекс, во Sport Life, единицата е 1,30.

Згора на тоа и традицијата е на страната на кратовци кои досега седум пати играле против Скопје на домашен терен и имаат пет победи и по едно реми и пораз. Единствениот пораз беше во 2018 година, а сезонава Силекс во рамки на третото коло славеше со 3:1.

 

- Оглас -

Најнови вести