Трагедија: Убиен братот на Кевин Дурант, и тоа на денот на неговиот роденден

Клифорд Диксон посвоениот брат на Кевин Дурант беше убиен на денот на којшто го славеше 32-риот роденден. Диксон бил застрелан пред еден ноќен клуб во предградие на Атланта додека стоел на паркингот. Имал повеќе прострелни рани и не можел да се спаси.

Клифорд како 16-годишно дете бил посвоен од мајката на Кевин, а потоа тие двајца станале неразделни пријатели. Заедно играле кошарка во средно училиште, а поминувале и многу време во заедничко дружење. Дури кога Дурант беше прогласен за МВП на НБА-лигата, еден дел од говорот го посвети токму на својот посвоен брат.

„Има денови кога ќе дојдам дома преморен од тренинг или меч, но ти ми го враќаш расположението. Ти ме држиш секој ден, ти благодарам“, рече Дурант во говорот од пред пет години.

Во полицискиот извештај стои дека убиецот на Клифорд успеал пешки да избега. Интересно е што Клифорд на својот инстаграм-профил ја рекламирал забавата на која требало да го прослави својот 32-ри роденден, но наместо забава, беше брутално убиен.

Резултати од мечевите одиграни утрово во НБА-лигата: Шарлот – Минесота 113:106, Вашингтон – Денвер 108:113, Атланта – Јута 117:114, Феникс – Детроит 98:118, Сакраменто – Далас 116:100, Голден стејт – Индијана 112:89.

 

- Оглас -

Најнови вести