Трагедија во Индија: Најмалку 11 луѓе загинаа во стампедото на прославата за титулата во крикет

Најмалку 11 лица загинаа во стампедо пред стадион за крикет во индискиот град Бенгалуру, каде што навивачите ја славеа првата титула на Ројал Челинџерс Бенгалуру во индиската Премиер лига, соопштија властите. Најмалку 11 лица загинаа, а 47 се повредени во инцидентот, изјави за новинарите главниот министер на Карнатака, Сидарамаја.

Илјадници луѓе, некои мавтајќи со црвеното знаме на домашната екипа, се собраа по улиците околу стадионот Чинасвами додека тимот пристигнуваше со автобус.Некои навивачи се качуваа по дрвја и на ѕидот на стадионот за подобар поглед.

Додека прославата траеше, некои луѓе надвор без пропусници се обидоа да ги пробијат вратите, а имаше и дополнителни проблеми со влегувањето на стадионот, соопшти полицијата. Сликите од местото на настанот покажуваат како луѓе се искачуваат преку други и буквално ги прегазуваат. Индија е позната по вакви несреќи, но засега претежно на религиозни настани.

Најмалку 30 луѓе загинаа на хиндуистичкиот фестивал Маха Кумб во јануари, додека десетици милиони луѓе се собраа да се искапат во светите води. Патем, Бенгалуру славеше победа над Пенџаб Кингс во финалниот натпревар од Т20 турнирот во 18-тото издание на ИПЛ, најбогатата крикет лига во светот.

- Оглас -

Најнови вести