Трагедија во Јужна Америка: Фудбалер загина од удар на гром за време на натпревар (Вознемирувачко видео)

Голема трагедија се случи на фудбалски натпревар во Перу, кога од удар на гром загина фудбалерот Хозе Хуго де ла Круз Меса. На мечот помеѓу Хувентуд Белависта и Фамилиа Чока во перуанскиот град Хуанкајо започнало големо невреме, а во моментите кога започнале електрични празнења, судијата го прекинал мечот и ги повикал фудбалерите да се засолнат во соблекувалната.

Сепак, додека актерите на теренот се движеле кон поттрибинскиот простор, удар од гром го усмрти 39-годишниот фудбалер.

Видеото во продолжение е со вознемирувачка содржина.

- Оглас -

Најнови вести