Трагикомично е судењето на АФКОН: Арбитерот два пати свирна крај пред истекот на 90 минути (ВИДЕО)

Неверојатни сцени се случија на средбата меѓу Тунис и Мали, каде што во главната улога беше арбитерот Џани Сиказве од Замбија.

Тој најпрвин отсвир крај на средбата во 85-тагта минута, но по консултација со ВАР-собата, му беше укажано дека има проблеми со часовникот.

Потоа такво нешто се случи во 89-тата минута, кога означи крај повторно пред истекот на регуларното време, а интересно е тоа што на оваа средба видовме девет измени, два пенали и еден црвен картон, па според логиката, требаше да има најмалку уште четири екстра минути.

Резултатот заврши 1:0 во корист на Мали, а Тунижаните попусто му укажуваа на судијата дека пак го скратил натпреварот. Но, тука не беше крајот на драмата.

Селекторот на Тунис, Мондхер Кбајер, даваше изјава за овој преседан, а беше повикан и информиран од службените лица дека оваа средба ќе се продолжи, на што тој и неговите играчи одбија.

Тие бараат повторно преигрување на средбата повикувајќи се на правило од ФИФА, но постои голема веројатност дека средбата ќе биде регистрирана со конечни 1:0 во корист на Мали.

- Оглас -

Најнови вести