Трајковски и Барди чекаат на јубилејни погодоци, Специјалиот сингл во Sport Life ги става во листата на фаворити за стрелци

Македонија мора да брка победа против Исланд, триумф што би значел освојување на второто место во групата и пласман во баражот за Светското првенство во Катар. Нашата репрезентација ја има фаворитската улога против селекцијата која секогаш губела во Скопје.

Пред само три дена, на гостувањето кај Ерменија, распложени за голови беа момците на селекторот Благоја Милевски. Александар Трајковски прв погоди, Енис Барди постигна хет-трик, а во листата на стрелци се запиша и Милан Ристовски.

Во Sport Life има Специјален сингл за обложување на дуелот во Скопје. Токму, Трајковски и Барди, заедно со елиф Елмас се први фаворити дека може да му дадат гол на Исланд. Трајковски го чека 20-тиот погодок, а и за Барди тоа би било исто така мал јубилеј од 10 погодоци во националниот дрес. Елмас досега има седум гола за Македонија.

Македонија против Ерменија доби два пенали, а сега да имаме прв удар од белата точка, носи коефициент 3.50, а лошото сценарио да добиеме црвен картон е со квота шест.

- Оглас -

Најнови вести