Трајковски не игра, Будимир ја разбуди Мајорка и ги покажа стомачните мускули (Видео)

Македонскиот репрезентативец Александар Трајковски остана на клупата за резерви и не настапи за Мајорка против Еспањол, во меч што неговиот тим го доби со 2:0.

Анте Будимир ја разбуди заспаната Мајорка со интересен гол во 37. минута. Хрватот, кој е некогашен соиграч на Трајковски и од Интер Запрешиќ, со стомак погоди по центаршутот на Сестре, а топката му мина низ нозе на голманот Лопес.

https://www.youtube.com/watch?v=NNgYrakHBpg

Победата ја потврди Салва Севилја со волеј удар во 73. минута, а Мајорка ја забележа втората победа во осмиот настап по враќањето во Ла Лига. Сега имаат 7 бода на една позиција над опасната зона за испаѓање.

Еспањол остана зад нив со само пет бода на претпоследното место.

- Оглас -

Најнови вести