Трамп ги смирува навивачите: НФЛ ќе почне во септември

Во САД нема спорт од 11 март, како и во речиси целиот свет поради пандемијата со Коронавирусот. На светско ниво Соединетите држави се најпогодени од опасниот вирус откако бројката на заразени надмина 300.000, додека повеќе од 8.000 луѓе ја загубија животната битка.

И покрај овие загрижувачки бројки, претседателот Доналд Трамп е убеден дека спортот ќе се врати наскоро. Тој при телефонски разговор зборувал со комесарите на повеќе лиги вклучувајќи ги НФЛ, НБА, МЛС, НХЛ, и бил оптимистичен.

„Не можам да кажам точен датум, спортот дефинитивно ќе се врати порано или подоцна. Јас сакам повторно да ги видам навивачите како ги полнат салите и стадионите, и тие го сакаат истото. Си го сакаат спортот, а очигледно такво нешто ќе се случи штом ќе биде возможно“, изјави Трамп.

Напоредно, наведено е дека НФЛ сезоната ќе започне според планираното, односно во септември, додека драфтот кој е закажан за 23 април ќе се одржи без присуство на публика.

- Оглас -

Најнови вести