Трансфер со стил, Гус Тил го урна рекордот на Спартак Москва (Видео)

Спартак Москва го урна сопствениот рекорд на трансфер пазарот, а со слоганот „легендарниот стил“ го претстави Гус Тил, играч за кого плати 18 милиони евра. Ова е највисоката сума пари што гигантот на рускиот фудбал ја платил за играч во клупската историја.

Тил досега беше играч на Аз Алкмар, а како играч за врска во последните 3 сезони одигра 76 натпревари за овој клуб и постигна 23 гола.

Со добрите игри стаса и до А селекцијата на Холандија, а како резерва дебитираше за „лалињата“ против Поругалија, во победата од 3:0 во март 2018 година.

- Оглас -

Најнови вести