Трансферот на Инсиње е еден од најбизарните во модерниот фудбал

Лоренцо Инсиње од налето ќе го носи дресот на Торонто, со којшто потпиша петгодишен договор.

Играчот на Наполи, кој практично целата кариера ја мина во овој тим, ќе заработува по 15 милиони евра на годишно ниво, што и не е толку лошо за 30-годишен играч.

Газдата на Торонто, Бил Менинг, откри на кој начин го пронашол Инсиње, дека е слободен агент, а кога ќе се слушне приказната, таа делува навистина бизарно.

„Ја пребарував италијанската репрезентација на еден спортски сајт и сакав да доведам некој од играчите којшто набрзо ќе биде слободен агент.

Се појави Инсиње, којшто беше еден од ретките играчи на кому му истекуваше договорот, а напишав уште неколку имиња, кои сега нема да ги објавам. Тоа го претставив на бордот на директори, како и мојата петгодишна визија да го оживееме овој клуб“, изјави Менинг.

Останува да се види каков импакт ќе има Инсиње во тимот кој игра во МЛС-лигата, а претходно една од најголемите ѕвезди на тимот беше некогашниот италијански репрезентативец, Себастија Џовинко.

- Оглас -

Најнови вести