Трапани го заврши мечот со еден кошаркар на паркетот, Јакимовски постигна половина од поените на Тренто (Видео)

Екипата на Трапани оваа сезона имаше високи амбиции, но втор натпревар по ред завршува предвреме бидејќи остануваат со недоволен број на играчи на паркетот. Клубот од Сицилија има финансиски проблеми и нема кошаркари за нормално одигрување на натпреварите, па сега беше прекинат и мечот против Тренто и тоа само четири минути откако започна, при резултат 26-11.

Трапани остана со само еден кошаркар на теренот и тука беше крајот на мечот. Еве како изгледа кога со игра кошарка „пет на два“ или „пет на еден“.

Сепак, она што за нас е многу поважно, е фактот дека македонскиот репрезентативец, Андреј Јакимовски, постигна 12 од 26-те поени на Тренто, а додаде и три скока и една асистенција.

Со отценка од 8.7, Јакимовски беше најдобриот кошаркар на мечот кој траеше само четири минути.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести