Трапановски доби дебитантски повик за репрезентацијата на Македонија

Македонската фудбалска репрезентација ќе има најмалку еден дебитант за престојните натпревари против Фарски Острови и против Ерменија, на стартот од новото издание во Лигата на нации. Кристијан Трапановски прв пат доби повик за настап во националниот тим, а тоа официјално го објавија и од тимот нa Данди јунајтед, каде настапува офанзивецот.

Трапановски летово направи трансфер од Шкупи во Данди јунајтед и уште во првото коло од шкотското првенство постигна гол. Добрите игри во Шкотска беа доволен знак за селекторот Благоја Милевски за прв пат да го повика Трапановски во националниот состав.

Покрај Трапановски, Данди Јунајтед објави дека репрезентативе повикан добил и Давид Бабунски, кој истотака е дел од шкотскиот тим.

„Првпат играм во ист тим со Давид, кој е одличен фудбалер за што доказ се и десетте години минати во Барселона. Верувам дека вака заедно ќе играме за Македонија. Се надевам дека селекторот Милевски будно ги следи натпреварите на Данди за да види во колку добра форма сме двајцата“, изјави Трапановски пред неполн месец, кога потпиша за Данди Јунајтед.

Тој претходно играше одлично и во Шкупи, но не добиваше повик во националниот тим.

- Оглас -

Најнови вести