Хуманитарен бокс меч заврши со нокаут и трагично загубен живот

Пакистанскиот боксерски шампион Аслам Кан почина од последиците на нокаутот во мечот против Вали Кан Тарен, а замислата да се организира ревијален дуел со хуиманитарен карактер заврши со трагедија.

Кан и Тарен боксуваа во категорија до 80 килограми во Пакистан, но целиот настан имаше огромни пропусти од организаторите.

Покрај рингот немало ниту едно медицинско лице, па и немало кој да му помогне на Кан веднаш по нокаутот. Потоа 27-годишниот боксер, кој е повеќекратен првак на Пакистан, бил префрлен во болница, но, за жал, спас немало.

https://twitter.com/imuhammad_aslam/status/1356453319133319169?s=20

Сега е најавено дека ќе има истрага, особено по изјавата на боксер во Пакистан, кој тврди дека нокаутерот бил барем за една тежинска категорија пред починатиот боксер.

- Оглас -

Најнови вести