Требаше да биде „Крал“, но се одлучи за фармацевтската професија

Пред помалку од една година, Реал Мадрид планираше да го ангажира Езекиел Паласиос од Ривер плејт. Играчот за врска на тогашниот јужноамерикански првак имаше одлична сезона и се очекуваше да се пресели на „Сантијаго Бернабеу“ за сума од 20 милиони евра. Меѓутоа, тој трансфер не се остври, па Аргентинецот чекаше цела една година за да реализира ангажман на Стариот Континент.

Баер Леверкузен е тимот кој се избори за потписот на Паласиос, а неговата преселба од Ривер во Бундеслигата ќе чини 22 милиони евра. Тој веќе се согласил на петгодишен договор со Фармацевтите, па се чека само отворањето на зимскиот преоден рок за да се официјализира трансферот.

Иако оваа сезона Паласиос запиша само еден гол и асистенција на 14 меча за Ривер, во 21-годишниот везист лежи потенцијал кој во иднина може да го направи врвен фудбалер.

https://twitter.com/bayer04fussball/status/1206608811529818114

- Оглас -

Најнови вести