Требаше да биде спектакл ама Данска ја „нокаутираше“ Шпанија за третото место на СП

Репрезентацијата на Данска е освојувач на бронзениот медал на Светското првенство во ракомет за жени.

Скандинавките во Грањолерс го победија домаќинот Шпанија со убедливи 35:28.

И пред почетокот на средбата јасно беше дека Данска е фаворит, но, никој не предвидуваше ваков натпревар.

По првото полувреме, Данска водеше со 16:13, а на самиот старт од второто, се случи вистински „потоп“ на Шпанките, кои примија три едноподруго гола.

До крајот, скандинавската селекција немаше проблем да ја одржува предноста и да дојде до бронзата.

Големото финале меѓу Франција и Норвешка е со почеток од 17:30 часот а ќе се одржи во истата сала, како и мечот за третото место.

- Оглас -

Најнови вести