Требаше да играат денеска, но се „вклучи алармот“ и дуелот не се одигра

Мечот меѓу Тамбов и Сочи во руското првенство требаше да се одигра вечерва, но е одложен. Причината е повеќе од очекувана, корона-вирусот повторно нападна.

Девет членови од клубот Сочи биле позитивни на последното тестирање на корона-вирусот, па затоа гостите воопшто не отпатуваа на мегдан против Тамбов. Ова не е прв случај на масовно заразување со опасниот вирус во еден клуб. Минатиот месец токму Сочи искористи ситуација кога во тимот на Ростов имаше повеќе заразени, па сите членови на првиот тим мораа да завршат во изолација.

Тогаш Ростов на терен ги испрати младинците, па Сочи немаше милост и победи со убедливи 10:1. Сега и на вратата на Сочи „затропа“ корона-вирусот, па гостите воопшто не го одиграа денешниот дуел.

- Оглас -

Најнови вести