Што ќе се случи утре во Минхен? Тренерот на Ајнтрахт се плаши од Баерн

Ајнтрахт одлично ја започна сезоната и по четири меча нема пораз (две победи и две нерешени). Сепак, главниот предизвик за тимот од Франкфурт ќе биде утрешното гостување во Минхен кај шампионот Баерн. Тренерот на Ајнтрахт Адолф Хутер, знае дека нападот на Баерн е незапирлив.

„И јас знам дека тие се најдобриот тим во светот. Ако ги погледнете сите големи клубови во светот и ги споредите со Баерн, јасно е дека Баерн е најдобар. Моќта уште еднаш ја демонстрираа на дуелот против Атлетико Мадрид, кога на еден од најдобрите дефанзивни тимови во светот успеаа да им дадат четири гола за 70 минути игра. Тоа доволно покажува за каква класа на играчи се работи во Баерн“, вели Хутер.

Освен победата со 4:0 во првото коло од Лигата на шампиони, германскиот гигант има просек од преку четири погодоци на меч во Бундеслигата. Во досегашните четири меча постигнаа дури 17 погодоци. Сепак дека не се беспрекорни се покажа на дуелот против Хофенхајм, кога Баерн загуби со 4:1, но тогаш отсуствуваа дел од стандардните играчи.

 

- Оглас -

Најнови вести