Тренерот на Денвер побара: Лејкерс може веднаш да води со 3:1 да заштедиме време

Лос Анџелес лејкерс ќе ја имаат фаворитската улога во дуелот против Денвер во финалето на западната конференција од НБА плејофот кое ќе стартува вечерва. Тимот од ЛА беше најдобар во регуларниот дел од првенството, додека Денвер заврши на шестото место и е еден вид изненадување со пласманот во конференциското финале.

Иако Денвер е аутсајдер, тимот предводен од Џемал Мареј и Никола Јокиќ покажа дека не признава фаворити. Во првото коло Денвер губеше со 1:3 од Јута, но успеа да направи пресврт и на крајот победи со 4:3. Потоа слична беше ситуацијата и во дуелот против Лос Анџелес клиперс. Денвер губеше со 3:1, но со три победи во низа повторно се радуваше со 4:3 во победи и се избори за место во финалето на Западот.

Ниту еден тим во историјата на НБА плејофот не направил во една сезона два пати да се врати по негатива од 3:1. Тренерот на Денвер, Мајкл Мелоун се пошегува дека можеби ќе биде најдобро Лејкерс да поведе со 3:1 во финалната серија.

„Ние всушност упативме петиција до челниците на Лигата во која бараме ако може веднаш да го почнеме финалето против Лејкерс со 1:3 во победи. На тој начин на сите ќе им заштедиме многу време. Веќе влеговме во историјата на плејофот. Губевме со 3:1 и победивме. Потоа пак губевме со 3:1 и пак победивме. Само трет пат во клупската историја сме дел од конференциското финале и тоа е успех“, вели тренерот Мелоун.

 

- Оглас -

Најнови вести