Тренерот на Динамо: Никој не сака да мрзне на „Максимир“, клубовите од Топ-5 лигите ги туркаат кон нокаут фазата во ЛШ

Ненад Бјелица вели дека клубовите од Топ-5 лигите, односно дел од нив имале помош и биле помалку и привилегирани на патот до нокаут фазата во Лигата на шампионите, натпреварување во кое во следната фаза нема ниту еден клуб надвор од Шпанија, Англија, Германија, Франција и Италија.

„Никој не сака да мрзне на Максимир на пример. И на судиите, контролорите, навивачите и новинарите поудобно им е да бидат на стадиони во Италија и Германија, отколку на стадион како нашиот. Имам чувство дека некои клубови од Топ-5 лигите во Европа дури беа и поттурнати кон нокаут фазата“, вели Бјелица.

Динамо во драматичен финиш во својата група, на крајот извиси и од Лигата на шампионите и од Европа Лигата, а Манчестер сити и Аталанта продолжуваат во ЛШ, додека Шахтар ќе игра во Европа Лигата.

- Оглас -

Најнови вести