Тренерот на Монтереј е остар – Дресот на Ливерпул тежи повеќе кај судиите

Монтереј одигра одличен меч против европскиот првак Ливерпул, а интересна изјава има тренерот на Мексиканците, Антонио Рикардо Мохамед.

„Дресот на Ливерпул тежи повеќе кај судиите“, рече незадоволниот стратег на поразениот тим. Ливерпул со гол во 91-вата минута победи со 2:1 и ќе игра финале за светската титула против шампионот на Јужна Америка, Фламенго.

Финалето ќе се игра во сабота, од 18.30 часот, а во предигра на натпреварот за титулата во малото финале од 15.30 часот ќе играат Монтереј и Ал-Хилал.

- Оглас -

Најнови вести