Тренерот на Саутемптон забрани користење на Интернет

Тренерот на англискиот премиерлигаш Саутемптон, Ралф Хасенхитл, воведе необична мерка со цел фудбалерите на неговиот тим да бидат 100 проценти фокусирани на мечевите. Тој одлучи да ја укине интернет конекцијата во хотелот во кој како во карантин престојуваат „светците“, и со тоа играчите да не остануваат будни до доцна и да ги губат концентрацијата и енергијата пред натпреварите.

„Фудбалерите не смее толку време да поминуваат на интернет. Затоа во хотелот го блокиравме интернетот. Имав такви проблеми и додека го тренирав Лајпциг. Оваа мерка беше неопходна“ – изјави австрискиот стручњак.

Хасенхитл оди и чекор подалеку, па зависноста од интернетот ја споредува со некои други кои се многу поопасни по здравјето.

„Ако сакате да бидам искрен, мислам дека зависноста од интернетот е иста како таа од алкохол и дрога. Додека властите не го прогласат за зависност, морам да ги заштитам играчите“ – додава Хасенхитл.

- Оглас -

Најнови вести