Тренерот на Вердер збесна кога го виде Пизаро со пиво

Клаудио Пизаро од плажа во Тајланд објави фотографија на која наздравува со отворена лименка пиво, а тоа воопшто не му се допадна на тренерот на Вердер, Флоријан Кофелд. Стручњакот смета дека 41-годишниот Перуанец не им дава добар пример на помладите колеги.

„Клаудио испрати лош сигнал до помладите играчи. Фудбалерите треба да се грижат за своето тело и да бидат екстремно професионални. Пиење алкохол на одмор не е најдобар начин на подготовка за битката за опстанок во Бундеслигата. Ќе треба да разговараме со него. Одењето на одмор, релаксацијата и сончањето не се лоши. Но, треба да се има на ум каква порака се испраќа до младите со лименката со пиво“, изјави Кофелд.

Спортскиот директор на Вердер, Франк Бауман, исто така го критикуваше Пизаро и порача дека фотографија е „несреќна“.

- Оглас -

Најнови вести