Тренерот побара од него намерно да добие жолт картон, а тој му скрши нога на противник (Видео)

Српскиот фудбалер Ѓорѓе Црномарковиќ е во центарот на вниманието на полската фудбалска јавност, откако со крајно груб и невнимателен старт тешко повреди противнички играч. Ова се случи на мечот помеѓу Заглебје Лубин и Висла Плок во полската лига, а да биде трагедијата поголема, пред Црномарковиќ да го направи фаулот, неговиот помошник тренер Мартин Шевели бара од него да направи прекршок за жолт картон.

Несреќниот играч на Висла беше Пјотр Пирдол, на кој му претстои пауза од најмалку два месеци, бидејќи има скршеница на коска во ногата.

- Оглас -

Најнови вести