Тренерот што не го сакаше Чурлинов доби отказ во Штутгарт

Американецот со италијанско потекло, Пелегрино Матарацо доби отказ во Штутгарт по поразот од 0:1 вчера во Бундеслигата на меч со лидерот Унион Берлин.

Матарацо кој има 44 години дојде во Штутгарт во декември 2019 година, а издржа нешто помалку од 3 години и по лошиот старт сезонава доби отказ по 9 кола во Бундеслигата.

Штутгарт игра катастрофално и е единствениот тим во германското првенство што нема победа, а претрпе четири порази и има пет ремија.

Со пет бода се претпоследни на табелата по девет кола, само пред Бохум кој има четири бода.

Член на Штутгарт до ова лето беше македонскиот репрезентативец Дарко Чурлинов, но тој не беше омилен кај Матарацо.

Чурлинов дојде во редовите на германскиот гигант во 2020 година и одигра 21 меч во првата сезона, но играше и за втората екипа на Штутгарт во истата сезона.

Потоа беше испратен напозајмица во Шалке 04 на барање на Матарацо и таму успеа да му помогне на тимот од Гелзенкирхен да се врати во Бундеслигата.

Иако Дарко играше одлично за Шалке 04, а потоа во летниот подготвителен период и за Штутгарт на пријателските мечеви, Матарацо објави дека не смета на него и Чурлинов си замина во Барнли.

Од таборот на Штутгарт објавија дека се уште не знаат кој ќе го замени 44-годишниот Американец на клупата на петкратниот германски првак.

 

- Оглас -

Најнови вести