Третата гарнитура дресови на Волците во боите на европскиот шампион (фото)

Вулверхемптон го претстави третиот дрес кој ќе го користи за претстојната сезона, а боите потсетуваат на земјата на европскиот првак Португалија.

https://twitter.com/Wolves/status/1306871730963611648

Темните нијанси на црвена и зелената служат како оддавање почит кон португалската колонија во редовите на Волците, кои располагаат дури со 10-мина фудбалери од Португалција, плус менаџерот Нуно Еспирито Санто. Премиерлигашот има повеќе португалски фудбалери отколку домашни, Англичани, така што ќе им биде мило да играат во овие дресови кои потсетуваат на репрезентативната опрема.

https://twitter.com/Wolves/status/1306865630403010560

- Оглас -

Најнови вести