Трети пораз по ред на Еурофарм Работник во СЕХА

По трите победи во првите три кола во регионалната СЕХА-лига, ракометарите на Еурофарм Работник сега се во низа од три порази едноподруго. Вечерва, во салата „Боро Чурлески“, Е. Работник загуби од Мешков Брест со 32:35.

Клучни беа првите минути од второто полувреме, кога по 17-17, гостите направија серија од 4-0. Битолчани не водеа во ниту еден момент од средбата, и тоа е доказ дека противникот беше подобар.

Јотиќ со 8 гола беше најефикасен во тимот на тренерот Алушовски, Ојлески реализираше 6, а Граѓан пет гола. Голманот Митрески продолжи да брани добро, имаше 15 интервенции, но и тоа не беше доволно да се спречат дури 35 гола во мрежата на Еурофарм Работник.

- Оглас -

Најнови вести