Третолигашки играч во пензија замина на начин на кој многу големи фудбалери не доживеале (Видео)

Шпанскиот фудбалер Пабло Ернандес и официјално ја заврши кариерата на 37 години. Ернандес го одигра последниот меч во тимот на Кастелјон, во третата шпанска лига. Токму Кастелјон е клубот во кој започна, а сега и ја заврши кариерата.

Ернандес немаше многу голема кариера. Играше за Валенсија, Кадис, Хетафе, Рајо Валјекано, а четири години беше дел и од екипата на Лидс во Англија. Со Лидс успеа од Чемпионшип да се пласира во Премиер лигата. Одигра една сезона во Премиер лигата, па се врати во Шпанија за да ја заврши кариерата во Кастелјон.

За тоа колку Ернандес го ценеле навивачите на Лидс ,покажаа со тоа што дури 250 фанови на Лидс специјално од Англија пристигнале во Шпанија да бидат дел од последниот меч на фудбалерот.

Ернандес кога ѝ отпоздравуваше на публиката, беше збунет зошто има англиски знамиња на трибините, а потоа му беше објаснето дека тоа се фанови на Лидс кои пристигнале да му дадат последен аплауз на мечот по кој замина во пензија.

- Оглас -

Најнови вести