Тргнаа за Генк, залутаа во Гент – Ќе ја гледаат Лигата на Европа, наместо Ливерпул во Лигата на шампионите

Двајца навивачи на Ливерпул го утнаа градот во Белгија и наместо во Генк, допатуваа во Гент, па сега им се нуди интересна компензација.

Покрај платените билети за дуелот меѓу Генк и Ливерпул, што се играше вчера и заврши со победа на нивниот омилен клуб со 4:1, тие платиле и карта за воз во износ од 150 евра, но веќе било доцна да стигнат навреме.

На половина час пред стартот на дуелот во ЛШ, сфатиле дека го утнале градот и наместо во Генк, допатувале во Гент. И сега преку „Твитер“, популарните „Бафала“, како што е прекарот на фудбалскиот клуб Гент, им нудат билети за мечот што ќе се игра вечерва на „Геламко арена“.

https://twitter.com/KAAGent/status/1187254549469380608?s=20

Од 18.55 часот гостин на Гент ќе му биде единствениот непоразен тим во Бундеслигата, Волфсбург, во дербито од третото коло во групата И во Лигата на Европа.

 

 

- Оглас -

Најнови вести