Три децении од белградското лудило и пласманот на Ѕвезда во финале на КЕШ (Видео)

Пред точно 30 години, Црвена ѕвезда во чиј состав беа Дарко Панчев и Илија Најдоски, испиша историја со тоа што стана прв тим од некогашна Југославија кој се пласирал во финале на Купот на европските шампиони, натпреварување кое една година подоцна се претвори во Лига на шампиони.

На 24-ти април 1991 година, Ѕвезда одигра 2-2 против Баерн Минхен и тоа беше доволно за пласман во финалето кое белградските Црвено-бели подоцна го добија на пенали против Олимпик Марсеј. Начинот на кој Ѕвезда го елиминираше Баерн, е незаборавен. Михајловиќ нафрли, топката несмасно ја исфрли Аугенталер, топката доби се спушташе кон голот на Ауман, а Панчев го збуни голманот на Баварците и тој прими гол, за огромна радост на публиката и домашните фудбалери.

Од радост полуде и коментаторот Милојко Пантиќ, чии зборови „Небото се отвори, стадионот експлодираше“, остануваат запаметени и 30 години после натпреварот.

- Оглас -

Најнови вести