Три години е во Барселона и се случи чудо, за трипати му падна цената

Осман Дембеле пристигна во Барселона во 2017 година како еден од најталентираните напаѓачи на планетата, а само три години подоцна стана вишок во редовите на шпанскиот лидер во Ла Лига и може да си замине.

Повредите, но и несериозниот однос на 23-годишниот офанзивец му ја спуштија цената за повеќе од трипати од парите што Барса и ги плати на Борусија Дортмунд пред три години.

Тогаш трансферот чинеше 105 милиони евра и плус сума од 40 милиони евра за бонуси, што беа додадени како анекс на договорот.

Дембеле и буквално растураше во Бундеслигата како играч на Борусија, но за само три сезони во Шпанија се случи чудо и голем пад во формата кај 23-годишниот офанзивец.

Кике Сетиен бара замена за Дембеле, а од Барсселона најавија дека играчот може да си замине за отштета од 40 милиони евра.

- Оглас -

Најнови вести