Три меча во трите најсилни лиги во Европа, а резултатот е ист

Нерешено со резултат 1:1 завршија сите три вечерни мечеви во најсилните лиги во Европа. Во англиската Премиер лига, Евертон и Тотенхем ремизираа, а двата гола беа постигнати во второто полувреме.

Домаќините останаа со фудбалер помалку во 58 минута, а Хари Кејн од пенал ги доведе гостите во предност во 68 минута. Во 88 минута исклучен беше и еден гостински играч, па тоа беше дополнителен мотив за Евертон да не се предаде и во 90 минута со голот на Мајкл Кин стигна до бод кој може да биде многу вреден во трката за опстанок.

Сасуоло водеше со 1:0 на полувремето против Торино, но гостите со погодокот во 66 минута израмнија на 1:1 што се покажа како конечен резултат на крајот.

Валенсија и рајо Вајекано играа 100 минути, а на крајот немаше победник и беше 1:1. Комесанса погоди по само девет минути игра за предност на Рајо Вајекано и делуваше дека гостите ќе стигнат до победа, посебно ако се знае дека на голот го имаа расположениот македонски чувар на мрежата, Столе Димитриевски. Сепак, Димитриевски беше немоќен во 81 минута кога беше досуден пенал за Валенсија и Клајверт погоди за 1:1.

- Оглас -

Најнови вести