Три во едно за легендата – Пандев ја отвори новата продавница на Џенова, договори да игра уште една сезона и се најде во идеалниот тим (Фото)

Горан Пандев игра брилијантна сезона во дресот на Џенова, а веќе договори да остане да игра за сегашниот клуб и во 2020/21.

Првиот стрелец на популарните Грифони најави дека ќе ја прифати понудата на клубот да игра уште една сезона. Пандев е топ-голгетер на Џенова во првенството и досега постигна 9 гола. Тоа е исклучителен улинок за фудбалер што има 36 години, но како игра и сезонава само потврдува дека е една од живите легенди на италијанскиот фудбал.

Вчера популарниот Гоче беше во акција и присуствуваше на промоцијата на новата продавница за спортска опрема на Џенова. Потпиша неколку дресови што се со лимитирано издание, а за да биде три во едно за капитенот на македонската репрезентација се погрижија новинарите, кои му најдоа место во идеалниот тим за 32. коло во Серија А.

Пандев беше одличен против СПАЛ, го постигна деветтиот гол во Калчото сезонава и го предводеше својот тим до победа од 2:0.

Следниот предизвик за струмичанецот ќе биде мошне важниот дуел против Торино, што ќе се игра утре од 19.30 часот на „Олимпискиот стадион“ во Торино.

Џенова се уште бие тешка битка за опстанок, а последните шест кола ќе одлучуваат која екипа ќе им се приклучи во Серија Б на веќе отпишаните СПАЛ и Бреша. Моментно Лече е најзагрозен со 29 бода, Џенова е веднаш над опасната зона со 30 бода, а во нешто подобра позиција е Торино со 34 бода.

За опстанокот стравуваат и Удинезе и Сампдорија со по 35 бода и Фиорентина со 36 на 13. место.

 

- Оглас -

Најнови вести