Три земји издоминираа во машка и женска конкуренција во адреналинската дисциплина

Во адреналинската дисциплина трки со BMX-велосипеди издоминираа три земји, освојувајќи ги сите медали во машка и женска конкуренција.

Одличјата се поделија меѓу претставниците од Велика Британија, Колумбија и Холандија, по што ќе се памети ова натпреварување од Игрите во Токио.

Имено, меѓу мажите најдобар беше Холанѓанецот Ник Киман, среброто му припадна на Кај Вајт од В. Б., додека Колумбиецот Рамирес Хепс се задоволи со бронзениот медал.

Во женска конкуренција распоредот на медали е малку поразличен. Тука најдобра беше Британката Бетани Шриверм, Маријана Пахон од Колумбија е сребрена, а бронзениот медал го собра Марел Смолдерс од Холандија.

- Оглас -

Најнови вести