Искусниот македонски фудбалер и поранешен репрезентативец, Иван Тричковски, потпиша едногодишен договор со кипарскиот АЕЛ Лимасол.
Тричковски е докажан напаѓач и странска легенда во Кипар, во претходните 9 сезони играше во АЕК Ларнака, каде што имаше 278 настапи, со учинок од 138 гола и 29 асистенции.