Тринкиери за одисејата во Партизан: Живеев во бајка, па таму е како да сте во Куќата на славните

Андреа Тринкиери во последен час во услови на пандемија со коронавирус успеа да се врати во својата земја Италија, а има интересен опис за времето што го мина во редовите на белградски Партизан.

„На неверојатен начин станав тренер на Партизан, но не жалам ниту еден момент што го проведов во таборот на црно-белите. Па таму како да е сместена целата историја на европската кошарка. Се чувствував како да сум во Куќата на славните. Честопати на натпреварите доаѓаа Дивац, Даниловиќ, редовно на трибините е Паспаљ, доаѓа и Ѓорѓевиќ, а на моето место на клупата седеле и легенди како што се Обрадовиќ, Вујошевиќ… Менаџер на тимот е Кецман, а има уште многу славни имиња“ објаснува Тринкиери.

Тој се уште е тренер на некогашниот европски првак, па чека да пројде пандемијата со Коронавирусот за да продолжи со работа.

„Во клуб што има такви луди и фанатични приврзаници понекогаш и не е лесно да се работи, но за мене досега се беше како бајка. Кога пристигнав клубот беше во криза и мислам дека успеавме да се кренеме и полека да се враќаме на патеките на успехот. Јас сум единствениот тренер странец во Партизан и не смеам да потклекнам на предизвиците. Овде има толку многу славна историја, што едноставно ти дава енергија да не се откажеш и кога е тешко. Мислам дека доста напредувавме и се надевам дека ќе продолжиме во тој стил и кога ќе продолжи да се игра кошарка“, додаде 51-годишнито тренер од Кремона.

- Оглас -

Најнови вести