Индијана и Бостон им се придружија на Кливленд и Оклахома во конференциското полуфинале, а веќе е позната и една двојка за следната рунда. Лидерот во Источната конференција по регуларниот дел, Кливленд, за противник ќе го има составот на Индијана во борбата за пласман во конференциското финале.
Пејсерси во петтиот меч од серијата го совладаа Милвоки со 119-118 по продолженија, иако Јанис Адетокумбо имаше нестварен ефект кај гостите од 30 поени, 20 скока и 13 асистенции, но и тоа не беше доволно за продолжување на серијата.
Бостон до пласман во конференциското полуфинале на Истокот дојде откако со убедливи 120-89 го победи Орландо.
Денвер нагетс дојде до водство од 3-2 во серијата против ЛА клиперс, откако на домашен терен победи со 131-115. Никола Јокиќ дојде до трипл-дабл со 13 поени, 10 скока и 12 асистенции, додека неприкосновен на паркетот беше Мареј со 43 поени во победничката екипа.
Кошаркарите на Детроит направија изненадување и славеа на гостински терен против Њујорк со 103-106 и така намалија на 3-2 во серијата.