Триумф за Вилјареал по шест разочарувања во низа

Вилјареал со конечни 2-1 го совлада тимот на Реал Бетис во 13. коло од Ла Лига. „Жолтата подморница“ конечни се израдува на победа, откако на последните шест средби бележа катастрофален учинок од три порази и исто толку ремија.

Во првото полувреме мрежите мируваа, а потоа домаќините влегоа фуриозно во вторите 45 минути. Морено ја донесе првата радост во 52-та минута, а само две минути подоцна Чукуезе зголеми на 2-0.

Бетис се обидуваше да се врати во игра, но, Ло Селсо погоди во 90-тата минута, веќе беше доцна да се избегне петтиот овосезонски пораз во шпанскиот шампионат.

https://www.dailymotion.com/video/x6xt9fl

- Оглас -

Најнови вести