Трофејот за најкорисен играч во НБА ќе се вика „Мајкл Џордан“, Sport Life за вечер има 23-ца играчи во понудата!

НБА-лигата објави дека трофејот за најкорисен играч (МВП) од сега па натаму ќе се вика Мајкл Џордан во чест на петкратниот добитник на ова признание и можеби најдобар и најпопуларен кошаркар на сите времиња.

Нови имиња ќе добијат наградите и за дебитант на годината (Вилт Чемберлен), дефанзивец на годината (Хаким Олајџувон), најдобар шести играч (Џон Хавличек), играч со најголем напредок (Џорџ Микан), а се воведува и ново признание, „клучен“ играч на сезоната (трофејот ќе се вика Џери Вест) кој ќе го добие тој со најмногу решавачки кошеви во последните секунди.

Вечерва во НБА се играат пет меча, меѓу кои и вечното дерби ЛА лејкерс – Бостон, а интересно ќе биде и во Милвоки, каде што гостува првакот Голден стејт.

Во понудата на Sport Life има и 23-ца кошаркари за кои може да погодувате колку поени ќе дадат вечерва. Се очекуваат жестоки индивидуални битки на Адетокумбо против Кари и на Дејвис против Тејтум.

- Оглас -

Најнови вести