Тројка на Вардар за враќање на второто место

Вардар се врати на второто место на табелата во Првата лига по победата во локалното дерби против Македонија Ѓорче Петров со 3:1. Прв гол по кам-бекот во „црвено-црниот“ дрес прослави Хуан Фелипе, а тој го постигна последниот погодок.

Птред него за Вардар погодија Филип Најдовски и Џемал Ибиши, младинецот на најтрофејниот клуб, кој постигна деби гол за домаќините.

За Македонија Ѓ.П. почесен погодок постигна Остоја Стјепановиќ и за него прв како играч на „лавовите“.

Поразот на Академија Пандев од Шкупи со 0:2 му одговараше на Вардар, а најмногу се чини му конвенира на лидерот Шкендија.

Шкупи со автоголот на Трајановски и со погодокот на Виктор Ангелов славеше во Струмица и ги врати Пандевци на третото место.

Шкендија лесно ја победи Беласица со 3:0, а прв гол во кам-бекот во матичниот клуб постигна Агим Ибраими. Стрелци за лидерот и актуелен шампион беа и Изаир Емини, а автогол си даде Маслач.

Силекс и Ренова од играа без голови.

Резултати: Вардар – Македонија Ѓорче Петров 3:1, Шкендија – Беласица 3:0, Академија Пандев – Шкупи 0:2, Силекс – Ренова 0:0, Победа – Работнички во тек.

Табела: Шкендија 47, Вардар 38, Академија Пандев 36, Шкупи 30, Работнички 28 (-1),  Ренова 26, Македонија Ѓ.П. 22, Силекс 21, Победа и Беласица по 18.

 

- Оглас -

Најнови вести