Трпеливата Шведска ја казни пасивната Словачка

Шведска ја совлада Словачка со 1-0, со гол од пенал на Емил Форсберг во 77-ма минута, и сега по две кола Швеѓаните имаат четири бода, што ги остава со шанси да бидат и први во групата во која фаворит е Шпанија која утре игра со Полска. Словаците според играта која ја прикажаа, како да одеа на реми 0-0, но концепцијата им беше растурена на 13 минути пред крајот.

Шведска е селекција која процентуално, дава најмногу голови во вторите полувремиња. Од 26-те гола кои ги дале на европските шампионати, дури 23 им се во втори полувремиња од мечевите. Форсберг го даде својот 10-ти гол на 60-тиот меч во дресот на репрезентацијата, и го прекина постот на Шведска од 365 минути без даден гол на ЕП.

Стартерите на Словачка имаа просечна возраст од 30 години и 125 дена, и тоа е втор најстар тим во историјата на европските првенства.

- Оглас -

Најнови вести