Цел тим замина во карантин – Тројца заразени од ковид-19 одложија три натпревари во Чешка

Тројца фудбалери на чешкиот клуб Карвина се позитивни на ковид-19, што ќе предизвика сериозни потреси во чешкиот фудбал.

Целиот тим ќе мора да оди во 14-дневен карантин, а сите три натпревари од Лигата за опстанок што требаше да се играат утре се одложени.

Во текот на идната недела најавен е состанок на раководството на Чешката фудбалска федерација со сите клубови од Првата лига за да се најде солуција за новонастанатата состојба.

На тројцата играчи на Карвина им се влошила ситуацијата во текот на мечот од минатото коло против Сигма, па биле заменети, но потоа заедно со соиграчите со автобус си заминале дома.

Веднаш биле испратени на тестирање и резултатот на тројцата што се пожалиле дека не им е добро се позитивни, но во Карвина стравуваат дека има уште заразени.

До крајот на плејаутот во Чешка има уште две кола, но Карвина веројатно ќе мора да одигра дополнителни мечеви за опстанок, ако ситуацијата со корона-вирусот се смири.

- Оглас -

Најнови вести