Цели 12 години немало меч со ваков епилог во Серија А

Кротоне со 4:1 ја победи Специја во дуел на два тима кој сезонава ќе се борат да не испаднат од Серија А. За Кротоне ова беше прва победа сезонава, но и покрај трите освоени бода, тимот остана на дното на табелата со само пет бода по 11 кола. Специја е во сигурната зона со 10 бода досега.

Мечот иаше една симболика, а тоа е доминацијата на бразилските фудбалери. За прв пат по декември 2008 година, на еден меч во Серија А, дури четири гола беа постигнати од бразилски фудбалери.

Жуниор Месиас даде два гола, а еднаш прецизен беше Едвардо, додека кај Специја гол даде Бразилецот Диего Фаријас. Претходно, последен пат меч во Серија А на кој четири погодоци постигнале Бразилци бил дуелот меѓу Милан и Удинезе во декември 2008 година, кога по два пати прецизни беа Кака и Пато.

- Оглас -

Најнови вести