Цели 20 месеци нема играно, а утре се враќа во дресот на Манчестер јунајтед

Дефанзивецот Фил Џонс е ставен на пријавната листа во Манчестер јунајтед и утре во Лига купот против Вест хем може да го има својот прв настап по пауза дури од 20 месеци.

Искусниот играч кој во Јунајтед го има дресот со бројот 4, не настапил на официјален меч за првиот тим на Манчестер уште од јануари 2020, кога даде и гол против Транмере роверс во ФА купот. Тогаш почнаа проблемите со коленото, пред 13 месеци имаше и операција, а рехабилитацијата му беше побавна од планираното поради рестрикции на патување за време на пандемијата.

- Оглас -

Најнови вести