Цело прволигашко коло со 2-3 гола

На сите натпревари од 11-тото коло во Првата македонска фудбалска лига, паднаа два до три гола. Ваквиот расплет го најавија вчера Шкупи и Ренова, а денеска продолжи на петте меча кои се играа попладнево.

Скопје го победи Тиквеш со гол на Јашароски во 93-та минута, а и Академија Пандев против Борец во Велес триумфираше со погодок кој падна доцна, во 87-ма минута.

Лавовите од Ѓорче Петров со новиот тренер одиграа нерешено против Струга, и ова е единственото реми во колото. Најубедливи беа Брегалница и Шкендија, кои после денешните победи, се приближија кон водечкиот двоец на табелата.

РЕЗУЛТАТИ: Борец – Академија Пандев 1-2, Скопје – Тиквеш 2-1, Македонија Ѓорче Петров – Струга Трим Љум 1-1, Пелистер – Брегалница 0-3, Шкендија – Работнички 2-0.

На табелата прв е Шкупи со 26 бода, Ренова и А. Пандев имаат по 21, Брегалница е на 19, Шкендија на 17 бода. На дното, последен е Пелистер со само 4 бода, а пред него се Тиквеш со 6, и Борец со 8 бода.

- Оглас -

Најнови вести